Инцидентот бил пријавен на единствениот повикувачки број 112

Мал авион денеска се урнал во Мавровското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во авионот се наоѓале две лица, од кои едното е повредено.
Инцидентот бил пријавен на единствениот повикувачки број 112. Информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до надлежните служби за итна реакција.
На терен се испратени СВР Тетово, Итна медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово.
