„При преглед извршен во патничко возило ‘опел зафира’ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана“, се вели во соопштението од МВР
Четириесет и шестгодишен државјанин на Албанија денеска наутро бил уапсен во близина на струшкото село Франгово, откако при преглед во возилото што го управувал полицијата пронашла 62 пакувања со марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Албанскиот државјанин со иницијали А.Т., со живеалиште во Поградец, Р Албанија, бил лишен од слобода од службеници од Полициската станица „Франгово“, при Регионалниот центар за гранични работи “Запад“.
„При преглед извршен во патничко возило ‘опел зафира’ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана“,
се наведува во соопштението од МВР.
За случајот, како што додаваат оттаму, е известен јавен обвинител. Пронајдената дрога е одзема, а лицето А.Т. е задржано во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга ќе поднесе соодветна пријава против А.Т., велат од МВР.
