Случајот е откриен при контрола на автобус, каде во кутија за прва помош се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, како и 29 кутивчиња и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса
Возачот на автобусот, косовски државјанин се обидел да го криумчари лекот, чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежните институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани услови
Запленети се вијали со медицински раствор „xgeva“, лек што се употребува за малигни болести пронајден во кутија за прва помош на граничниот премин „Богородица“, информираат од Царинската управа.

Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин „Богородица“, каде при контрола на автобус, во кутија за прва помош се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, како и 29 кутивчиња и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.
Возачот на автобусот, косовски државјанин се обидел да го криумчари лекот, чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежните институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани услови.
Против него е поднесена кривична пријава за криумчарење.
Како што информираат од Царина, годинава мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини заплениле над 30 илјади парчиња лекови.
