Како што кажа неговиот адвокат Насер Рауфи на денешното рочиште, вистинскиот сопственик бил „детектиран”, односно самиот се пријавил
На рочиштето во вторникот, судијката Диана Груевска-Илиевска рече во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет во случајот „Пулс“, биле најдени 13 мобилни телефони и лаптоп
Десетината мобилни телефони и лаптопот за кој на минатото рочиште за случајот „Пулс” беше соопштено дека биле најдени во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери во затворот во Шутка, каде што ја издржува мерката притвор, не биле негови. Како што кажа неговиот адвокат Насер Рауфи на денешното рочиште, вистинскиот сопственик бил „детектиран”, односно самиот се пријавил.

„Го молам судот да ја провери информацијата во затворот”,
рече Рауфи.
На рочиштето во вторникот, судијката Диана Груевска-Илиевска рече во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет во случајот „Пулс“, биле најдени 13 мобилни телефони и лаптоп. Го потсети обвинетиот дека за таков случај следуваат санкции како самица и други мерки, но додаде дека овој пат само ќе го опомене во иднина да не се случуваат слични прекршоци.
Од застапниците на обвинението, односно од Обвинителството реагираа дека често се случува во затворите да има мобилни телефони и дека не треба да се изрекуваат само опомени.
Инаку, Џеваир Камбери е обвинет како поранешен службеник во Министерството за економија. Тој е единствениот од 35-те физички лица во „Пулс“ кој освен за тешки дела против општата сигурност е обвинет и за кривичното дело примање поткуп
