Тоа, како што кажа началничката на Секторот за сообраќај во МВР, Маја Арсовска-Манов во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма“ ќе го прават полициски возила во кои ќе биде инсталирана опрема за детектирање на ваков тип прекршоци. Идејата е оваа мерка првично да се спроведува на поголемите крстосници со цел да се спречи создавање метеж во сообраќајот
Во однос на прашањето што го поставуваат повеќето граѓани, зошто нема фотографија од лицето што го управува возилото во линкот со известувањето за прекршокот, државниот секретар во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Владимир Велковски, рече дека тоа е засега еден технички предизвик, што, според него, е прашање на денови кога ќе се реши
Сообраќајот во главниот град полека се смирува и бројките на сторени прекршоци полека опаѓаат, меѓутоа сепак е рано да се излезе со било каква статистика и да се каже – добро е, заврши, се намалува. За тоа е потребно повеќе време, вели началнилката на секторот за сообраќај во Министерството за внатрешни работи, Маја Арсовска-Манов.

Таа во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека во моментов не може да се калкулира со статистиката затоа што граѓаните пријавуваат дефекти и неправилности на системот, односно на камерите, а во таков случај, како што додаде, екипите на МВР веднаш излегуваат терен и ги отстрануваат.
Системот „Безбеден град“, кој од 1 декември почна да функционира, но само пробно, според Арсовска-Манов е оперативен на територијата на цел град Скопје. Во моментов, како што објасни таа, е активиран електронскиот сиситем за детектирање сообраќајни прекршоци само во Скопје, а до крајот на овој месец се планира истиот систем да се активира и во Куманово и Тетово.
„А веќе од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на целата територија на државата. Исто така опрема е поставена и на коридорите 8 и 10, и во секој момент се очекува да започне детектирањето на сообраќајните прекрошоци и таму“,
рече таа.
Во однос на реакциите на граѓаните и забелешките кои засега најмногу се споделуваат на социјалните мрежи, државниот советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Владимир Велковски, кој исто така беше гостин во емисијата, рече дека, размислувањата да се продолжи пробниот период на системот „Безбеден град“ се токмму во насока да се соберат што повеќе реакции и забелешки од граѓаните за да се детектираат евентуални слабости.
Во таа насока, како што кажа тој, службите работата на дигитална опција која ќе овозможи во пораката што граѓаните ја добиваат за сторен сообраќаен прекршок да има и дел за пријавување неправилности.
„На тој начин секој граѓанин што добил порака за сторен прекршок, а смета дека има неправилно утврдена фактичка состојба ќе може преку истиот линк да ја пријави таквата неправилности“,
вели Велковски.
Објаснувајќи подетално, началничката Арсовска-Манов кажа дека граѓаните ќе можат да се изјаснат дека станува збор за погрешен телефонски број или дека возилото не е нивно, како и достават доказ дека поминале на зелено светло, а во пораката стои спротивното.
„Ќе можат да пријават било каков технички проблем. Исто така, во овој (пробен) периодот, додека се дигитализира таа алтернатива, да можат граѓаните во самиот налог да пополнуваат забелешка, апелирам до нив секаде кадешто можат, во било која полициска станица нека пријават какква било неправилност. Тоа нам ќе ни помогне да го дооформиме системот, да ги отстраниме сите недостатоци уште сега. Затоа е е овој тест период, затоа е оваа пробна фаза“,
изјави таа.

Арсовска-Манов и Велковски, одговарајќи на прашање појаснија и што точно сега снимаат камерите од системот „Безбеден град“ и какви надоградувања се планира да се направат.
„Кога станува збор за поминување на црвено светло камерите треба да го констатираат поминувањето на црвено светло и прават фотографија од задниот дел на возилото на која се гледа регистарската табличка. Што се однесува до оние прекршоци каде се констатира брзината во тој случја камерите го снимаат предниот дел на возилото каде се гледа регистарската таблика и лицето што го управува возилото“,
појасни Велковски.
Во однос на прашањето што го поставуваат повеќето граѓани, зошто нема фотографија од лицето што го управува возилото во линкот со известувањето за прекршокот, тој рече дека тоа е засега еден технички предизвик, што, според него, е прашање на денови кога ќе се реши.
„На самиот линк на кој го добиваат известувањето ќе можат да ги видат и фотографиите“,
рече тој.

Началничката на Секторот за сообраќај во МВР во врска прашањето додаде дека на фотографиите што ќе ги добиваат граѓаните ќе го има ликот на возачот, но тој ќе биде замаглен за граѓаните. Но, ако за прекршокот се поведе судска постапка тогаш тој ќе се искористи како доказен материјал.
Арсовска-Манов соопшти е неколку детали во врска со најавите дека во рамките на системот „Безбеден град“ ќе се констатираат и санкционираат и непрописно паркирани возила.
Тоа, како што кажа, ќе го прават полициски возила во кои ќе биде инсталирана опрема за детектирање на ваков тип прекршоци. Опремата, рече таа, засега е инсталирана во едно возило.
„Таа ќе работи на начин што едниот полициски службеник ќе го управува возилото, а другиот ќе управува со опремата“,
кажа таа.
Идејата е оваа мерка првично да се спроведува на поголемите крстосници со цел да се спречи создавање метеж во сообраќајот и негова поголема проточност.

„Знаеме сите, како што се смирува сообраќајот, така метежот во градот се зголемува. Со цел да има поголема проточност во првата фаза ќе се пуштата тие возила. Тие ќе детектираат исто како и електронскиот систем, со фотографија и со поднесок до сопственикот на возилото“,
рече Арсовска-Манов.
Засега, како што рече таа, одговарајќи на дополнително прашање, не е одлучено дали полицајците кои ќе снимаат ќе бидат во униформа или во цивилна облека.
