Меѓу приведените се лица на возраст од 40 до 77 години, кои се поврзани со компанија за одржување и инженерство која работела во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во округот Таи По каде што избувна пожарот
Полицијата во Хонгконг соопшти дека се приведени 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во големиот станбен комплекс, а оти во следниот период се очекуваат дополнителни апсења.

Меѓу приведените се лица на возраст од 40 до 77 години, кои се поврзани со компанија за одржување и инженерство која работела во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во округот Таи По.
Властите објавија дека се пронајдени уште пет тела, со што бројот на жртви во пожарот се искачи на 156. Досега се идентификувани 127 жртви, а 30 лица и натаму се водат за исчезнати.
Причината за пожарот што избувна минатата среда и брзо се прошири на надворешноста на становите што се реновираат сè уште е под истрага.
