Од недела се очекува стабилизирање на времето. Утринските температури ќе бидат ниски, но дневните во пораст
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни во источните делови на држвата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои повисоки места и од дожд и од снег.

„Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната од 3 до 9 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во главниот град ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови на котлината врнежите ќе бидат и од дожд и од снег.
„Минималната тмпература ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 5 степени“,
информираат од УХМР.
И утре времето ќе биде променливо облачно, а на повисоките места ќе провејува слаб снег.
Од недела се очекува стабилизирање на времето. Утринските температури ќе бидат ниски, но дневните во пораст.
