Со тоа, Судот истовремено не го прифати барањето на дел од адвокатите на обвинетите за одложување на рочиштето, поради поднесениот интегриран текст на обвинението
Дел од адвокатите бараа одлагање на рочиштето, затоа што сметаат дека интегрираното обвинение и редуцираната листа на докази е спротивно на Законот за кривична постапка. Ваквиот став го аргументираа со тоа дека тие како одбрана не се запознаени со обвинителниот акт како и кои докази, односно сведоци, се отстранети од него
По околу десетина минути советување зад затворени врати, Судечкиот совет го прифати предлогот на Обвинителството за интегрирање на главното обвинение со она против сопственикот на агенцијата „Рубикон“, Александар Нацев, во еден обвинителен акт.
Со тоа, Судот истовремено не го прифати барањето на дел од адвокатите на одбраната на обвинетите за одложување на рочиштето, поради поднесениот интегриран текст на обвинението.
„Судот донесе решение. Се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за изведување на интегриран текст на обвинителниот акт и единствена листа на докази со цел економичност на постапката”,
рече судијката Дијана Груевска-Илиевска која претседава со Судечкиот совет.

Таа рече дека Судот смета дека со интегрираното обвинение не се повредуваат правата на ниту една од странките.
Судијката додаде дека Обвинителството ќе го истакне интегрираниот обвинителен акт при воведните зборови, а со тоа и листата на докази и врз основа на тоа, другите странки ќе бидат запознаени со него и ќе можат да ги подготват своите воведни зборови на следното рочиште. Груевска-Илиевска посочи интегрираното обвинение нема прекласификација на делото за кое се товарат сите обвинети, како и нови докази.
Судијката донесе решение дека се исполнети условите за одржување на главната расправа, а судењето продолжи со читање и проверка на генералиите, односно личните податоци на обвинетите, по што се очекува Обвинителството да ги изнесе воведните зборови.
Претходно, дел од адвокатите на обвинетите бараа одлагање на рочиштето, затоа што сметаат дека интегрираното обвинение и редуцираната листа на докази е спротивно на Законот за кривична постапка. Ваквиот став го аргументираа со тоа дека тие како одбрана не се запознаени со обвинителниот акт како и кои докази, односно сведоци, се отстранети од него.
