Вредноста на пратката изнесува 452 537 денари – средства обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи, а опфаќа 44 парчиња компресивна облека изразботена по индивидуални мерки за 14 пациенти
Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ информира дека до Општата болница во Кочани е испорачана четвртата пратка на специјализирана компресивна облека за повредените од пожарот во „Пулс“.

Вредноста на пратката изнесува 452 537 денари – средства обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи, а опфаќа 44 парчиња компресивна облека изразботена по индивидуални мерки за 14 пациенти.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите ‘Julius Zorn GmbH’ и ‘Health 2000’ за нивната соработка и професионална услуга“,
велат од „Супорт Кочани“.
