Државниот обвинител Дамијен Брун изјави дека ризиците од договарање и вршење притисок врз сведоци ги оправдуваат барањата за ставање под судски надзор и побара барањето на Саркози за пуштање на слобода да се одобри
Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, денеска, за време на сослушувањето за неговото барање за пуштање на слобода пред Апелацискиот суд во Париз, изјави дека престојот во затвор му е многу тежок и исцрпувачки.

Саркози на 21 октомври почна да ја издржува петгодишната затворска казна затоа што со криминално здружување ја финансирал претседателската кампања во 2007 година со средства од Либија.
„Тешко е, многу е тешко, како што е сигурно за секој затвореник, би рекол дека е исцрпувачки“,
изјави Саркози и им се заблагодари на затворските службеници кои, како што додаде, „ја направија оваа ноќна мора поднослива“.
Саркози на рочиштето се приклучи преку видеоповик, заедно со двајца од своите адвокати.
Канцеларијата на јавниот обвинител денеска побара негово пуштање на слобода под судски надзор.
Државниот обвинител Дамијен Брун изјави дека ризиците од договарање и вршење притисок врз сведоци ги оправдуваат барањата за ставање под судски надзор и побара барањето на Саркози за пуштање на слобода да се одобри.
