Средствата, како што соопштија оттаму, се предвидени за продолжување на финансирањето научно-истражувачки проекти, за развој на лабораториски ресурси, за организирање домашни и учество на меѓународни научни конференции, како и објава на научи трудови во списанија со импакт-фактор, доделување стипендии за млади научници и за втор и трет циклус студии и за организирање научни и студиски престои во странство
Министерството за образование и наука (МОН) објави дека во наредната календарска 2026 година е предвиден рекорден буџет за наука во износ од 773 милиони денари.

Средствата, како што соопштија оттаму, се предвидени за продолжување на финансирањето научно-истражувачки проекти, за развој на лабораториски ресурси, за организирање домашни и учество на меѓународни научни конференции, како и објава на научи трудови во списанија со импакт-фактор, доделување стипендии за млади научници и за втор и трет циклус студии и за организирање научни и студиски престои во странство.
„Науката во Македонија се актуaлизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно-истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 773 милиони денари за наука!“,
велат од МОН.
Додаваат дека МОН годинава стимулирало реализација на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научи установи, МАНУ и бизнис-заедницата преку три повици за распределба на средства.
