Според Државната изборна комисија (ДИК), пак, разликата меѓу Сотир Лукровски, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, и неговиот противкандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ, досега е 400 гласа
Во преполн штаб во Карпош, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Луковски, со сопартијците со аплаузи ги дочекуваат резултатите од гласањето по избирачки места низ општината.

Откако ја забележаа камерата на „360 степени“, присутните почнаа да го скандираат името на Сотир Лукровски, а на негов повик, скандирањето продолжи со извикување ВМРО-ДПМНЕ.
„Со над 60 отсто обработени гласови, водиме со 1 000 гласа разлика“,
кажа Лукровски.
Според Државната изборна комисија (ДИК), пак, разликата меѓу Сотир Лукровски и неговиот противкандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ, досега е 400 гласа.
