Владејачката СДСМ ја обвини опозициската ВМРО+ДПМНЕ дека шири лажни вести со тоа што се повикува на наводна на анализа на магазинот „Форбс“ во поткрепување на своите тези дека мерките на Владата за справување со епидемијата со ковид-19 се неефикасни и погрешни.
„Не само што измислува свои лаги, оваа партија се обидува да манипулира и со туѓи нерелевантни информации. Медиумски анализи покажуваат дека наводната листа на ‘Форбс’ за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин“,
се вели во реакцијата од СДСМ и притоа се посочува дека се работи за обид за манипулација на јавноста.
„Во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а ‘Форбс’ само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата“,
велат од СДСМ.
Според владејачката партија се работи за обид на ВМРО-ДПМНЕ за рециклажа на стари и веќе пробиени вести, категоризирани како сомнителни, со оглед на тоа дека оваа листа е објкавена уште во април, а потоа следувале бројни текстови и анализи со сомнежи за релевантноста на анализата и точноста на податоците.
