Станува збор за 11 кандидати, меѓу кои се деканот на Правниот факултет “Јустинијан Први”, Сашо Георгиевски; поранешната уставна судијка Наташа Габер Дамјановска; судијката во скопска Апелација, Оља Ристова; заменик-дирeкторот на Aкадемијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени; членот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски; адвокатката Јелена Ристиќ; адвокатот Тони Менкиноски
Инаку, ова е втора постапка за избор на судија од земјава во Европскиот суд за човекови права откако Владата летово ја поништи претходната, без да даде конкретно објаснување за причините, освен дека не биле исполнети критериумите
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур денеска во Уставниот суд ја одржала 2. седница, на која е утврдена листата на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју.

Седницата на Комисијата, со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, доаѓа откако деновиве заврши огласот за пријавување кандидати кои треба да дојдат на местото на Јован Илиевски, кому му истекува мандатот во ЕСЧП.
Како што соопштија од Уставен, на денешната седница Комисијата извршила административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба, ја утврдила листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју.
Меѓу пријавените кои ќе одат во следната фаза, односно ќе бидат повикани на интервју се поранешни и сегашни судии, универзитетски професори и адвокати. Станува збор за 11 кандидати, меѓу кои се деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први”, Сашо Георгиевски; поранешната уставна судијка Наташа Габер Дамјановска; судијката во скопска Апелација, Оља Ристова; заменик-дирeкторот на Aкадемијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени; членот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски; адвокатката Јелена Ристиќ; адвокатот Тони Менкиноски.
Целата листа кандидати кои ќе бидат поканети на интервју е следна:
- Оља Ристова
- Тони Менкиноски
- Наташа Габер
- Јордан Апостолски
- Александар Даштевски
- Али Алиу
- Илир Исени
- Јелена Ристиќ
- Сашо Георгиевски
- Наташа Бошкова
- Ана Дангова Хуг
Инаку, како што информираа од Уставен, до Комисијата апликации поднеле 20 кандидати, односно:
1. Велимир Деловски
2. Соња Петрушева
3. Оља Ристова
4. Александар Гоџо
5. Тони Менкиноски
6. Валентин Пепељугоски
7. Ѓоко Живковски
8. Андреј Димовски
9. Наташа Габер
10. Јордан Апостолски
11. Лидија Неделкова
12. Александар Даштевски
13. Али Алиу
14. Илир Исени
15. Јелена Ристиќ
16. Сашо Георгиевски
17. Наташа Бошкова
18. Едита Наскова
19. Александар Лазов
20. Ана Дангова Хуг
Од Комисијата изразија задоволство од искажаниот интерес, од бројот на апликации и нивниот квалитет.
Кандидатите кои се избрани ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20 октомври, а за точниот термин за интервјуто ќе бидат известени преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Инаку, ова е втора постапка за избор на судија од земјава во Европскиот суд за човекови права откако Владата летово ја поништи претходната, без да даде конкретно објаснување за причините, освен дека не биле исполнети критериумите.

Инаку, тогаш во трка беа тројца кандидати – обвинителката Ленче Ристоска, судијката во Апелацискиот суд, Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски.
Од нив тројца на новиот оглас се јавил само адвокатот Апостолски, кој, како што може да се види од соопштението од Уставен, е меѓу кандидати кои ќе бидат поканети на интервју.
За потсетување, Владата на 22 јули ја поништи претходната листа од тројца кандидати и ја промени Комисијата. Од претходната од 9-члена комисија во новата петчлена остана единствено директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски. Покрај неа се и претседателите на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на Врховниот суд, Африм Фидани, в.д. претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, и претседателот на Основниот граѓански суд Скопје, Бесник Авдија.
Обвинителката Ленче Ристоска тогаш изјави дека тоа што Владата не даде појаснување за кои критериуми станува збор, за неа не е изненадување. Таа потсети дека според препораките на Советот на Европа, постапката мора да биде извесна и однапред пропишана, фер и транспарентна, а Владата согласно препораките на Советот на Европа мора да го оправда секое отстапување од листата утврдена од Комисијата.
Обвинителката тогаш рече и дека два месеци била под притисок да ја повлече кандидатурата за судија во судот во Стразбур, додека истовремено се одвивала „клеветничка кампања“ против неа.
Реагираа и од Блупринт-групата за реформи во правосудството составена од шест граѓански организации, кои потегот на Владата го оценија како загрижувачки, како и дека освен што процесот бил нетранспарентен, спорна била и постапката.
Кои услови не ги исполнува и како тоа Владата го проценила, тогаш праша и апелациската судијка Габриела Гајдова.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека нема да навлегува во тоа што го кажуваат кандидатите.
„Тоа е нивна вистина, а вистинската вистина е тоа што го кажува Владата“,
изјави Мицкоски на 1 август.