За утре се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигне брзина од над 60 километри на час. Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 6 до 16 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 9 степени наутро до 13 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.