Пратениците и собраниските службеници трчале во неколку дисциплини: полумаратон, штафета и трка на 5 километри. Ова е првпат законодавниот дом да настапи на маратон како организиран тим

Собранието на Република Сeверна Македонија се пофали дека на денешниот „Визер скопскиот маратон“ учествувале со вкупно 64 претставници – пратеници и службеници.
Пратениците и собраниските службеници трчале во неколку дисциплини: полумаратон, штафета и трка на 5 километри.

На штафетата, Собранието било претставено од 2 екипи, на полумаратонот трчале 6 претставници, додека во трката на 5 километри учествувале 50 лица од законодавниот дом.
Целта им била да покажат институционална отвореност кон граѓаните, солидарност, како и промоција на здрави навики.

„Учеството на Маратонот е дел од Планот за подобрување и ЦАФ-мерки кои успешно се имплементираат во Собранието од септември 2025 година, согласно Програмата за собраниска поддршка (ПСП). Во суштина, ова учество не е само спортски настан — тоа е симболична порака за транспарентност, соработка и човечки пристап во работата“,
се вели во соопштението на Собранието.
Инаку, македонецот Дарио Ивановски во машка и Кенијката Ирине Џеруто во женска конкуренција се победниците на годинашниот 21. „Визер скопски маратон“.
Во полумаратонската трка најбрзо време истрчаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција.
Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Греша Бакрачи од Косово.
Во најмасовната трка на пет километри, на која на стартот се појавија околу 10 000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари.
Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт, победата во машка конкуренција ја однесе екипата „Врањски маратонци“ со време од 2:26:34 часа.
Маратонот се најде и во партиските преписки.