Помошта вклучува аеромедицинска евакуација на осум лица со воен авион – „Спартан“ во вкупна вредност до 70 000 лева (33 622 евра); медицинска евакуација на шест лица со брза помош во вкупна вредност од 9 300 лева (4 467 евра); лекување на 15 пациенти во медицински установи во вкупна вредност од 1 352 000 лева (649 396 евра); сместување на членовите на семејствата на жртвите во вкупна вредност од 59 465 лева (28 562 евра)

Владата на Бугарија одобри Одлука за обезбедување бесплатна хуманитарна помош на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1 490 765 лева (716 048 евра) во врска со трагичниот пожар во градот Кочани, што се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март 2025 година, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. Некои од најтешко повредените беа транспортирани во Бугарија, пишува бугарската агенција БГНЕС.
Помошта вклучува аеромедицинска евакуација на осум лица со воен авион – „Спартан“ во вкупна вредност до 70 000 лева (33 622 евра); медицинска евакуација на шест лица со специјализиран медицински транспорт со копнено медицинско возило (брза помош) во вкупна вредност од 9 300 лева (4 467 евра); лекување на 15 пациенти во медицински установи за болничко лекување во Република Бугарија во вкупна вредност од 1 352 000 лева (649 396 евра); сместување на членовите на семејствата на жртвите во вкупна вредност од 59 465 лева (28 562 евра).
„Советот на министри, исто така, донесе Уредба со која се одобруваат дополнителни трошоци во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2025 година во износ од 1 431 300 лева за аеромедицинска евакуација, медицинска евакуација преку специјализиран медицински транспорт со возило за копнен медицински транспорт и лекување на жртвите од трагичниот инцидент и дополнителни трошоци во рамките на буџетот на Министерството за надворешни работи за 2025 година во износ од 59 465 лева за покривање на трошоците за сместување на членовите на семејствата на жртвите од трагичниот инцидент во градот Кочани, Република Северна Македонија, кои ги придружуваат за време на нивното лекување во Република Бугарија“,
наведува БГНЕС.