Зоран Заев и СДСМ се директно виновни за вториот и најголем пик на коронавирусот во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Зоран Заев преку видео обраќање побара граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.
„Предвреме почнатата кампања на СДСМ предизвика бројот на заразени за само една недела да се искачи за дополнителни 1 000. Желбата на Заев за власт ги чини граѓаните здравје. Зоран Заев го стави на ризик животот на илјадници, па со конфузни мерки направи хаос во државата. Додека неговите функционери се шетаа низ Маврово и Берово народот беше затворен во четири ѕида“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ние, велат, сме различни од СДСМ кој донесе хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.