Анутин ќе биде и премиер и министер за внатрешни работи. Тој и во претходната влада беше на министер за внатрешни работи

Кралот на Тајланд, Маха Ваџиралонгкорн, денеска го назначи новиот владин кабинет на премиерот Анутин Чарнвиракул откако неговата претходничка беше сменета по судската пресуда за прекршување на етичките правила и јавно негодување поради воениот судир со Камбоџа.
Предвидено е новата влада да стапи на должност идната недела откако ќе положи заклетва пред кралот.
Анутин, лидер на партијата Бумџаитаи, беше избран за премиер од парламентот минатиот месец. Тој ја заменува Фајтонгтајн Шинаватра од Тајландската народна партија, која беше отстранета од функцијата откако беше прогласена за виновна за прекршување на етичките правила по протечениот телефонски разговор со претседателот на Сенатот на Камбоџа, Хун Сен. По разговорот во јули уследи пограничен конфликт меѓу двете земји, при што загинаа десетици луѓе.
Повеќето од местата во кабинетот на Анутин се пополнети од членови на неговата партија, како и од Народна партија, која има поддршка од армијата и од партијата Клатам, кои заедно формира малцинска влада. Многу од новоименуваните министри, како и Анутин, беа дел од кабинетот на Тајландската народна партија по изборите во 2023 година.
Тајландската народна партија не е дел од новиот кабинет. Партијата претходно соопшти дека ќе остане во опозиција.
Анутин ќе биде и премиер и министер за внатрешни работи. Тој и во претходната влада беше на министер за внатрешни работи.