Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (18 септември 2025 г.) од 21:15 часот на МРТ 1
Во емисијата донесуваме:
– Во земјава биле извршени операции на срце што не требало да се изведат, индиректно потврди за „360 степени“ министерот за здравство Азир Алиу во очекување комисијата и официјално да ги соопшти наодите; директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, укажува и на проблем со упатувањето – одредени доктори, пред сè од јавното здравство, ги испраќаат пациентите строго во една болница кога им треба кардиохируршка интервенција;
– Изборите во Чаир повеќе од избор за градоначалник и општински совет – предизборна репортажа;
– Нервоза кај дел од младите битолчани затоа што подолг период не можат да се стекнат со возачка дозвола; кога ќе профункционира испитниот центар по 30-дневната забрана за работа;
– Реално ли е Црна Гора в година да ги заврши пристапните преговори, а во 2028 г. да стане членка на Европската Унија – слика од Подгорица;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 21:15 часот на МРТ 1.