Според информациите од ЦУК, утринава активни се уште два пожара, и тоа во општините Сарај и Македонски Брод

Пожарот во Општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Поради овој пожар, сообраќајот на патот Македонски Брод-Скопје и забранет за секаков вид возила, велат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите од ЦУК, утринава активни се уште два пожара.
Едниот е во Општина Сарај од селото Радуша кон селото Дворце каде што гори ниска вегетација. Другиот пожар е во Општина Македонски Брод, кај селото Крапа каде што горат ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Од ЦУК додаваат дека утринава под контрола се пожарите во Општина Крива Паланка, во атар на селото Нерав и во Општина Кичево, кај селото Челопеци.
Вчера и во текот на ноќта од ЦУК велат се изгаснати 28 пожари во кои во најголем дел горела ниска вегетација, депонија, стрниште и мешана шума.