За утре се најавува сончево и многу топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, а температурата ќе се искачи до 39 степени

Сончево и многу топло време со мала локална облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 31 до 39 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 19 степени наутро до 38 во текот на денот.
За утре се најавува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 32 до 39 степени.
Според најавите на УХМР, слично време ќе се задржи и во наредните денови – сончево, многу топло и со умерена облачност во текот на денот.