Tри пожари се под контрола, а изгаснати се вкупно 17 пожари на отворен простор
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 21 часот вечерва на територија на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор.
Седум од нив се активни, три се под контрола, а изгаснати се вкупно 17 пожари на отворен простор.

Активни се пожарите кај повеќенаменското подрачје „Јасен“ во рамки на Општина Македонски Брод, кај селото Радуше во Општина Сарај, кај селото Милетино во Брвеница, кај селото Крапа во Македонски Брод, кај селото Пешталево во Општина Долнени, кај припепско Големо Коњари и кај кумановското село Табановце.
- Ангелов: Една линија од пожарот кај „Јасен“ е изгасната, но борбата против огнот и натаму продолжува
Зафатени се главно ниска вегетација и стрништа, а кај „Јасен“ гори мешана шума.
Под контрола се три пожари:
- Општина Крива Паланка – с. Нерав, место Биљино (ниска вегетација и шума)
- Општина Кичево – с. Челопеци (нискостеблеста шума)
- Општина Сарај – с. Свиларе (ниска вегетација и мешана шума)
Изгаснати се 17 пожари
- Општина Чешиново-Облешево – с. Чешиново (ниска вегетација)
- Општина Куманово – „Дива населба“ (ниска вегетација)
- Општина Јегуновце – с. Прељубиште, с. Јанчиште, с. Копанце, с. Орашје (ниска вегетација)
- Општина Куманово – с. Оризаре (ниска вегетација)
- Општина Радовиш – с. Прналија (ниска вегетација и меѓи)
- Општина Ново Село – с. Старо Коњарево (ѓубриште)
- Општина Долнени – с. Секирци (ниска вегетација и трски)
- Општина Кривогаштани – с. Обршани (ниска вегетација)
- Општина Брвеница – с. Теново – Св. Недела (ниска вегетација и зимзелени дрва)
- Општина Струга – Струшко Поле (стрниште), с. Калишта (ниска вегетација)
- Општина Гостивар – с. Градец (ниска вегетација), ул. ЈНА (дрвја)
- Општина Врапчиште – с. Сенокос кон с. Горјане (мешана шума)