Одложувањето беше очекуван исход од последната рунда разговори меѓу американските трговски преговарачи и нивните кинески колеги, што се одржа во Стокхолм кон крајот на минатиот месец
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која ќе се спречи воведување високи американски царини за увоз на кинески стоки во следните 90 дена, изјави функционер на Белата куќа.

Си-Ен-Би-Си објави дека извршната наредба е потпишана само неколку часа пред полноќ, кога требаше да истече рокот за воведување царини за Кина.
Одложувањето беше очекуван исход од последната рунда разговори меѓу американските трговски преговарачи и нивните кинески колеги, што се одржа во Стокхолм кон крајот на минатиот месец.
„Сите други точки од договорот ќе останат исти“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа Трут Соушл, сугерирајќи дека нема други промени во она што е договорено.
Царското примирје меѓу Пекинг и Вашингтон требаше да истече денеска, 12 август, и доколку не беше продолжено, американските царини за кинески стоки ќе скокнеа на 145 проценти, а кинеските царини за американски стоки за 125 проценти.
Двете страни објавија прелиминарен договор во мај годинава, по разговорите во Женева.