Дел од медиумите вчера објавија фотографии на кои, како што тврдат, се гледаат Филипче и Заев како одмораат на јахта во Халкидики, Грција

Фотографијата што ја објавија медиумите, а на која се гледа како актуелниот и поранешниот лидер на СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев, уживаат на јахта во Грција, го покажува целиот раскош и раскалашеност на СДСМ и нивното раководство, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче со неговиот тутор Зоран Заев покажаа врвно лицемерие. Додека Венко Филипче ужива на јахта во Белото Море, неговата СДС во исто време хушка и потпалува пожари, додека во исто време држат пресови за ширење на паника и страв. Додека Венко Филипче во друштво на Зоран Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје нивниот Љупчо Коцевски го бранат со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари. Додека во Грција на јахта Венко Филипче покажува колку е одлепен од реалноста, во Скопје лажат дека им е грижа за работниците и стандардот на граѓаните“,
соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од медиумите вчера објавија фотографии на кои, како што тврдат, се гледаат Филипче и Заев како одмораат на јахта во Халкидики, Грција.
Според истите медиуми, на Филипче и Заев друштво им правел кандидатот на СДСМ за градоначалник на скопската општина Аеродром, Александар Трајаноски.