Животот на Лавел доби светско внимание со филмот „Аполо 13“ во кој Том Хенкс го глумеше неговиот лик
Почина Џејмс Лавел, командантот на „Аполо 13“ кој помогна неуспешната мисија до Месечината да се претвори во триумф.
„Карактерот на Џим и неговата непоколеблива храброст ѝ помогнаа на нашата нација да стигне до Месечината и претворија потенцијална трагедија во успех од кој научивме многу“
соопшти НАСА.
Лавел е еден од космонаутите со најмногу миси за НАСА, дури четири – Џемини 7, Џемини 12, Аполо 8 и Аполо 13.

Лавел и неговиот тим Фред Хејс и Џек Свигерт добија светска слава со филмското раскажување на мисијата во филмот од 1995 година „Аполо 13“, во кој актерот Том Хенкс глумејќи го Лавел ја изговори познатата реченица – „Хјустон, имаме проблем“.
„Постојат луѓе кои се осмелуваат, кои сонуваат и кои ги водат другите до места каде што самите не би отишле. Џим Лавел беше таков човек“,
напиша Хенкс.