Како одговор на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН свикан за утре, израелскиот амбасадор во ОН го постави прашањето како другите земји би реагирале на напад и ситуација со земање заложници, пишува Би-би-си

Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи состанок за да разговара за планот на Израел да ја преземе контролата врз градот Газа, потврдија за АФП три дипломатски извори.
Ријад Мансур, палестинскиот претставник во ОН, претходно изјави дека неколку земји побарале состанок, кој се очекува да започне во 20 часот по средноевропско време.
Официјалната веб-страница на Советот за безбедност објави дека состанокот ќе се однесува на „ситуацијата на Блискиот Исток“.
Како одговор на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН свикан за утре, израелскиот амбасадор во ОН го постави прашањето како другите земји би реагирале на напад и ситуација со земање заложници, пишува Би-би-си.
„На 7 октомври, терористичката организација Хамас киднапираше британски граѓани, заедно со стотици Израелци. Ако денес педесет британски граѓани беа држени во Газа од терористи, британската влада немаше да седи настрана“,
вели амбасадорот Дени Данон.
Тој додава дека државата Израел нема да престане да се бори за ослободување на сите заложници, а обезбедувањето на безбедноста и сигурноста на нашите граѓани, како што вели тој, е должност.
Итниот состанок е свикан откако израелскиот кабинет за безбедност ги одобри плановите за преземање на градот Газа.