Пожарот е во област што не е густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период од нешто повеќе од еден час биле испратени пет пораки за евакуација на оние кои се во шест населби
Поради силните ветрови во оваа област, грчката крајбрежна стража да го забрани сообраќајот на фериботите со што илјадници патници остануваат заглавени во пристаништата Пиреја, Лаврио и Рафина во Атина

Едно лице денеска е пронајдено починато во куќа зафатена од пожар во областа Кератеа, источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина. Во овој дел има голем шумски пожар, а властите наредија евакуација на неколку населби, пишува грчки „Катимерини“.
Портпаролот на противпожарната служба, Василис Ватракогијанис, вели дека пожарникарите откриле тело на постар маж во неговиот дом во Тогани, Кератеа.
Противпожарната служба го зголемила своето присуство во областа повеќе од двојно, распоредувајќи 190 пожарникари и 44 копнени возила, заедно со бројни волонтери.
Исто така, на пожарот се интервенира и од воздух со 11 авиони и седум хеликоптери, се додава во написот на грчкиот весник.
Пожарот е во област што не е густо населена, меѓутоа во непосредна близина постојат населени места, па затоа од бројот 112 во период од нешто повеќе од еден час биле испратени пет пораки за евакуација на оние кои се во шест населби.
Шумскиот пожар е потпомогнат од ветрови со јачина од девет степени.

На снимки што ги емитува Јавниот радиодифузен сервис ЕРТ може да се видат куќи зафатени од пламен.
Грчките недиуми пишуваат дека полицијата го затворила сообраќајот на руралниот пат Кератеа-Анависос поради пожарот и ги повикува возачите да ги слушаат упатствата и да им олеснат на противпожарните возила што минуваат.
„Генералниот секретаријат за цивилна заштита издаде „црвена тревога“ (категорија на ризик 5) за голем број области во Грција поради услови што се исклучително поволни за појава и ширење на пожари“,
пишува „Катимерини“.
Поради силните ветрови во оваа област, грчката крајбрежна стража да го забрани сообраќајот на фериботите со што илјадници патници остануваат заглавени во пристаништата Пиреја, Лаврио и Рафина во Атина. Според „Катимерини“, условите се очекуваат привремено да се подобрат после полноќ.

Сепак, како што се вели во написот, некои фериботски компании избрале да работат на сопствен ризик, како што дозволуваат прописите, но повеќето рути остануваат затворени.
Крајбрежната стража ги повика патниците да ги контактираат директно операторите на фериботите пред да се упатат кон пристаништата, каде што веќе се создадени големи гужви.
Во моментов, сообраќаат само фериботите до островите Арго-Саронски, близу до Атина – од Пиреја и Мармари во југозападна Евија.