Авионот припаѓал на медицинска хуманитарна организација
Шест лица загинаа откако мал авион се урна во густо населеното предградие Гитураи, североисточно од Најроби, Кенија, објавија кениските медиуми, а пренесува Ројтерс.

Авионот припаѓал на медицинска хуманитарна организација.
Меѓу жртвите има две лица што беа на земја во моментот на падот на авионот.
Според кениската управа за цивилно воздухопловство, авионот го изгубил и радио и радарскиот контакт со контролата на воздушниот сообраќај само три минути по полетувањето.
Како што пишува и Ројтерс, не се познати причините на уривањето на авионот.
Истрагата за несреќата е во тек.