Според надлежните, со ова треба да се стави крај на феноменот во текот на туристичката сезона кога во центарот на градот се паркираат стотици автомобили со странски регистарски таблички. Често се случува непрописно паркираните автомобили да остануваат на местото и по десетина дена
Општина Солун воведува блокатори за тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани на недозволени места, што најчесто се наменети за возилата на постојните жители на градот.

Мерката се воведува најмногу поради туристите што во текот на летната сезона ги оставаат возилата на непрописни места за паркирање.
Според надлежните, со ова треба да се стави крај на феноменот во текот на туристичката сезона кога во центарот на градот се паркираат стотици автомобили со странски регистарски таблички. Често се случува непрописно паркираните автомобили да остануваат на местото и по десетина дена.
Дополнително, присутна е појавата кога некои возачи ги вадат регистарските таблички за да не бидат казнети.
Туристите во многу случаи ја кинат казната и ја напуштаат земјата, бидејќи прекршок за непрописно паркирање не се евидентира на граничните премини.
Сега, возачите на чиј автомобил ќе биде поставен блокатор, ќе мора да се јават во Дирекцијата на општинската полиција на телефонскиот број (+302313 317930), а потоа да платат соодветна казна за да им биде ослободен автомобилот.
Блокаторите ќе ги поставува општинската полиција.
Ваквата мерка се воведува откако општинската и сообраќајната полиција ги исцрпеле сите средства за спречување на непрописното паркирање на териоторијата на Солун.
Дополнително се додава дека конкретната мерка ќе се спроведува барем до крајот на септември.
