Грчкото тло се стресе денеска околу 12:49 часот по локално време во близина на градот Каламата на Пелопонез. Земјотресот бил со интензитет од 4,8 степени, а по него следуваа уште неколку послаби потреси

Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран претпладне во близина на грчкиот град Каламата на Пелопонез. Земјотресот е регистриран во 12:49 часот по локални време. Досега нема информации за штети или повредени.
Епицентарот на земјотресот беше околу 11 километри северозападно од градот Месини и 126 километри југоисточно од градот Патра, на длабочина од 20 километри.
Подоцна следуваа уште неколку потреси со помал интензитет. Некои од нив се од 2,8 и 2,6 степени.
Претседателот на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси, професорот Ефтимиос Лекас, за државната телевизија ЕРТ, рече дека земјотресот е во рамките на нормалната сеизмичка активност на регионот.
„Карактеристиките на земјотресот не предизвикуваат посебна загриженост, а постсеизмичката активност засега не нè загрижува“,
рече тој.