Трите лица се осомничени дека извршиле кривично дело – напад на службено лице при вршење работи на безбедноста. За детето, пак, ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда на децата
Основното јавно обвинителството (ОЈО) Скопје поведе кривична постапка против тројца осомничени, кои заедно со едно дете на 5 август во вечерните часови нападнале тројца полициски службеници на улицата „Босна и Херцеговина“ во скопски Бутел.
Полицајците, како што се вели во денешното соопштение од Обвинителството, постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки.

Трите лица се осомничени дека извршиле кривично дело – напад на службено лице при вршење работи на безбедноста. За детето, пак, ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда на децата.
„Полицајците се обидел да ги легитимираат осмничените, но тие одбиле и физички ги нападнале, удирајќи ги со боксови. Сепак, полицајците ги совладале, по што ги привеле“,
се вели во образложението од Обвинителството за настанот.
Јавен обвинител од ОЈО Скопје предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост, како забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на опредлено службено лице или кај надлежен државен орган и приврeмено одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање.