Одлуката за ново 30-дневно продолжување на кризната состојба е донесена од страна на Владата по истекот на првичната одлука донесена на 8 јули годинава
За дополнителни 30 дена е продолжена кризната состојба во државата поради пожарите на отворен простор.

Одлуката за ново 30-дневно продолжување на кризната состојба е донесена од страна на Владата по истекот на првичната одлука донесена на 8 јули годинава.
„Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси, вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии“,
соопштија од Владата.
Оттаму дополнително апелираат граѓаните да се придржуваат до забраната за движење во шуми, воведена на 1 јули, која е во сила до 31 август. Оние што не се придржуваат кон оваа одлука, која има за цел превенирање на пожари, како што велат од Владата, ќе се соочат со парична казна во висина од 1 500 до 2 000 евра.