Од МВР вечерва рекоа и дека полицискиот хеликоптер „бел-412“ повторно се вклучил во гаснење на пожарот при што исфрлил над 45 тони вода

Сообраќајот на патниот правец Стенковец – граничен премин „Блаце“ од вечерва е нормализиран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Исто така, оттаму велат дека нормално функционира и граничниот премин „Блаце“.
Претходно од МВР соопштија дека сообраќајот на оваа делница беше затворен во двата правци на движење, а не работеше ниту граничниот премин.
И од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, што се поставени на граничните премини, може да се забележи дека вечерва има возила што ја преминуваат границата.
Од МВР вечерва рекоа и дека полицискиот хеликоптер „бел-412“ повторно се вклучил во гаснење на пожарот при што исфрлил над 45 тони вода.
„И покрај тешките услови за гаснење, непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хеликоптер исфли над 45 тони вода во поддршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“,
се вели во соопштението од МВР.