Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (3 јули 2025 г.) од 20:10 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Изборот на Даниела Димовска за в.д. претседателка на Основниот кривичен суд Скопје ја бранува стручната и општата јавност – едно, затоа што има сериозни дилеми дали изборот е законски и друго, затоа што избраната има личен бекграунд и семејни врски што водат до власта;
– За центарот за возачки испити во Битола да му биде доделен на функционер на ВМРО-ДПМНЕ пресудил полигон во Ресен во сопственост на сопруга на функционер на СДСМ; случајот е пред Комисијата за заштита на конкуренцијата чии првични наоди се дека полигонот постапил незаконски;
– Наводите на министерот Владо Мисајловски со кои го проблематизираше договорот за набавка на хеликоптери од италијански „Леонардо“ од претходно ги проверува Финансиската полиција; ексминистерката Петровска вели дека сè е чисто и законито;
– Помина 30 јуни, а петте базени што се градат со државни пари сè уште не се готови – зошто е пробиен уште еден рок и зошто сè уште се гради кога за Министерство за спорт договорите за изведба се незаконски;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:10 часот на МРТ 1.