Во полицискиот билтен се наведени само иницијалите на пратеничката, но повеќе од извесно е дека се работи за Славјанка Петровска, а таа и лично потврди дека синоќа била мета на закани. Во изјава за „Слободен печат“, вели дека заканите ѝ биле упатени пред зградата во која живее, од страна на возач на автомобил со охридски регистарски таблички кој ѝ го пресретнал патот. Зборовите што ѝ биле упатени биле „Цаци, готова си“
Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, доцна синоќа доживеала непријатност кога на булеварот „Србија“ во Скопје ѝ биле упатени закани од страна на возач на автомобил. Настанот се случил околу 23 часот, а таа го пријавила во 2 часот по полноќ во полициската станица во Кисела Вода.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
наведуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во полицискиот билтен се наведени само иницијалите на пратеничката, но повеќе од извесно е дека се работи за Славјанка Петровска од СДСМ бидејќи таа и лично потврди дека доцна синоќа била мета на закани.
Во изјава за „Слободен печат“, Петровска вели дека заканите ѝ биле упатени пред зградата во која живее, од страна на возач на автомобил со охридски регистарски таблички кој ѝ го пресретнал патот. Зборовите што ѝ биле упатени, како што вели, биле „Цаци, готова си“.
Во полициска станица пријавила конкретно лице од Охрид, за кого се сомнева дека стои зад инцидентот.
„Во станица посочив дека нападот доаѓа по пратеничко прашање кое го поставив минатата недела во врска со дете одземено од неговата мајка и доделено старателство на таткото, но моето прашање не беше за самата судска пресуда, туку за постапувањето на службеник од Центарот за социјални работи кој без да има таква одлука се обидел да го одземе детето од мајката и да го предаде на таткото. Причината поради која знам за ова е зашто самата сведочев во два наврати дека детето не сакаше да се оддели од мајката, бидејќи таа живее кај мене на спрат“,
вели Петровска во изјава за „Слободен печат“.