Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови ќе биде стабилно, претежно сончево и топло, а од УХМР најавуваат и пораст на температурите.