Според Петрушевски, однесувањето на Акиов било добро позната тактика на Заев, која сега ја применувал Филипче, „а тоа е внесување страв и паника кај народот од локални тепачи, кои се закануваат и сеат страв“

СДСМ влегува во сериозно смислено сценарио за дестабилизација во Кочани, со цел спас на Венко Филипче, кој има очајно низок рејтинг и кому му се заканува дебакл на локалните избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот инцидент во Советот на Општина Кочани во кој советникот од редовите на Партијата за демократските просперитет на Ромите (ПДПР), Аки Акимов, обидувајќи се физички да се пресмета со свој колега, со шише вода ја погоди в глава Ана Кралева, помошник-раководител на Секторот за правни, јавни дејности и општи работи во Општината.
„Вчера јавноста беше сведок на почетокот на планот на Филипче, кој е правен пред месец дена во Дубаи, на средба со Заев. Тоа е периодот кога кажавме дека Венко Филипче шест дена беше тајно во Дубаи. Советникот на Филипче, Аки Акиов кој вчера повреди вработена во општина Кочани и физички се закануваше на советници, е човек од најголема доверба на Зоран Заев. Еве фотографија од советникот на Филипче, тепачот од Кочани и Зоран Заев“,
изјави на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој покажа фотографија на која се гледаат Заев и Акиов.

Според Петрушевски, однесувањето на Акиов било добро позната тактика на Заев, која сега ја применувал Филипче, „а тоа е внесување на страв и паника кај народот од локални тепачи, кои се закануваат и сеат страв“.
„Филипче дословно го спроведува планот на Заев, а како дел од истиот е и декларативното осудување на настанот. Наместо лицемерни пораки, еве го предизвикуваме Филипче да побара неговиот тепач од Кочани, Акиов да си поднесе оставка од советот во Кочани и јавно да се огради лично тој. СДС сака да направо хаос во Кочани, каде локални силеџии ќе го плашат народот и држат во грч. Ова семе на злото кое беше посеано вчера во Кочани, има за цел да покрене лавина на насилие. А како масло на огнот се секојдневните прес-конференции на кои се шират лаги и се лиферуваат пораки на омраза и етикетирање. СДС се прочитани, а нивниот план е исечен во корен. Филипче е разоткриен“,
изјави Петрушевски.
Од СДСМ вчера го осудија насилното однесување на Акиов и се оградија од неговите постапки нагласувајќи дека не станува збор за член на партијата, туку на коалициски партнер.