Градежните инспектори при увидот констатирале прекршување на одредбите од Законот за градење, односно дека инвеститорот градел без одобрение за градење за објектот
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение со кое се стопира изградба на објект кој се наоѓа во заштитената зона на старото градско јадро во Охрид, односно во Старата охридска чаршија. Решението е донесено по вчерашната вонредна контрола.

Градежните инспектори при увидот констатирале прекршување на одредбите од Законот за градење, односно дека инвеститорот градел без одобрение за градење за конкретниот објект.
„Во рамки на своите законски надлежности Инспекторатот за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за понатамошни градежни активности. Против инвеститорот ќе се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи“,
информираат од Министерството за транспорт.
Од Транспорт додаваат дека заштитата на старото градско јадро на Охрид е за да се спречат дејствија, појави и влијанија со кои може да настане негово оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање