Во изјава за Скај њуз портпаролот на Кремљ додава дека понатамошното проширување на конфликтот со вклучување нови страни, притоа алудирајќи на Соединетите Американски Држави (САД), би довело само до уште еден круг на конфронтација и ескалација на тензиите во регионот
Промената на режимот во Иран е неприфатлива, а атентат врз врховниот лидер на земјата би ја отворил Пандорината кутија, изјави портпаролот на Кремљ, Димтриј Песков, еден ден откако израелскиот министер за одбрана изјави дека на ајатолахот Али Хамнеи повеќе не може да му се дозволи да постои, пренесува „Гардијан“.

Портпаролот на Кремљ во изјава за Скај њуз рече дека Русија ќе реагира многу негативно доколку ајатолахот Али Хамнеи биде убиен.
„Ситуацијата е исклучително тензична и опасна не само за регионот, туку и на глобално ниво“,
рече Песков во интервју во Константиновиот дворец во Санкт Петербург.
Тој додаде дека понатамошното проширување на конфликтот со вклучување на нови страни, притоа алудирајќи на Соединетите Американски Држави (САД) би довело само до уште еден круг на конфронтација и ескалација на тензиите во регионот.
Инаку, вчера американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека одлуката дали САД ќе го нападнат Иран или не ќе ја донесе во рок од две недели.
Песков не кажа каков би бил одговорот на Русија доколку ајатолахот Хамнеи биде убиен, но рече дека тоа би предизвикало одговор одвнатре во Иран.
„Тоа би довело до раѓање на екстремистички расположенија во Иран и оние што зборуваат за (убиството на Хамнеи) треба да го имаат тоа на ум. Тие ќе ја отворат Пандорината кутија“,
рече Песков.
За денеска е закажан состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивниот ирански колега Абас Аракчи во Женева, чија цел е да се создаде пат за решавање на прашањето за иранската нуклеарна програма по дипломатски пат.
САД досега одржаа пет рунди преговори со Техеран во врска со нуклеарната програма, а шестата која требаше се одржи во неделата се одложи поради нападот на Израел врз Иран два дена претходно.
Во меѓувреме нападите меѓу Израел и Иран и понатаму траат, како изминува седмиот ден од почетокот на конфликтот.
Израелските одбранбени сили соопштија дека повеќе од 60 борбени авиони ноќеска погодиле повеќе цели во Техеран.
Во објава на платформата Икс, израелските одбранбени сили соопштија дека погодиле неколку индустриски објекти во Техеран за кои тврдат дека се користеле за производство на ракети.
„Овие објекти служеле како клучен индустриски центар за иранското Министерство за одбрана“,
се вели во соопштението.
What did the IDF accomplish in Iran overnight?
— Israel Defense Forces (@IDF) June 20, 2025
✈️60+ fighter jets struck dozens of military targets in Iran using approximately 120 munitions.
⭕️Several industrial sites used to manufacture missiles were struck in the Tehran area. These sites served as a key industrial center… pic.twitter.com/lQtxFIbFyc
Исто така, се додава дека во нападите било погодено и седиштето на иранската воена организација за истражување и развој (SPND).
Израелските одбранбени сили велат дека во меѓувреме пресретнале четири беспилотни летала лансирани од Иран.