Израелските премиер додава дека израелските сили се пред остварување на своите цели во офанзивата, но не даде јасна временска рамка за тоа кога ќе заврши конфликтот
Со војната против Иран, Израел го менува лицето на светот, смета израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Сепак, како што додава, секоја помош е добредојдена за да се победи нуклеарната програма на Иран.

„Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, а сега велам дека го менуваме лицето на светот“,
изјави Нетанјаху за израелска телевизија.
Според него, иако Израел има способност да ги нападне сите нуклеарни објекти на Иран, сепак, додава и дека секоја помош за нивно уништување би била добредојдена.
Израелскиот премиер рече дека во нападите се уништени повеќе од половина од иранските ракетни лансери.
Израел започна напади врз Иран на 13 јуни, што резултира со невидена ескалација меѓу двајцата непријатели.
Израелските премиер додава дека израелските сили се пред остварување на своите цели во офанзивата, но не даде јасна временска рамка за тоа кога ќе заврши конфликтот.
Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта нападнала десетици воени цели во Иран, вклучувајќи ја и Организацијата за одбранбени иновации и истражувања (СПНД), за која вели дека е вклучена во развојот на иранско нуклеарно оружје.
Војската соопшти дека извршила серија напади во центарот на Техеран и нападнала неколку погони за производство на ракети во иранската престолнина.
Белата куќа вчера соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за тоа дали САД ќе се вклучат во израелско-иранскиот конфликт во следните две недели.