Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк „Гав Јам Негев“, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот „Бен Гурион“

Иранските државни медиуми објавија дека целта на ракетниот напад утрово не била болницата „Сорока“ во Бершеба, туку воената инфраструктура на израелската армија во нејзина близина.
Според агенцијата ИРНА, нападот бил насочен кон командно-разузнавачкиот центар на израелската армија и воениот разузнавачки камп лоциран во технолошкиот парк „Гав Јам Негев“, веднаш до болницата и кампусот на Универзитетот „Бен Гурион“.
„Воената инфраструктура била директна и прецизна цел, а болницата била изложена само на ударниот бран“,
се наведува во написот.
Претходно денеска израелското Министерство за надворешни работи објави дека болницата „Сорока“ била погодена од иранска балистичка ракета. Болницата, како што објави Министерството, се наоѓа во градот Бершеба и обезбедува здравствена заштита на членовите на сите заедници.
Израел соопшти дека ќе продолжи да дејствува за да ги заштити сите свои луѓе, од сите сфери на животот.
Нападот врз болницата е дел од поширок ирански ракетен напад врз израелска територија, како дел од ескалацијата на конфликтот меѓу двете земји. Според достапните информации, дел од цивилното население се наоѓало во реонот на болницата во времето на нападот. Во нападот биле ранети десетици луѓе.
Освен Бершеба, ракетите ги погодиле и Тел Авив, Рамат Ган и Холон предизвикувајќи голема штета, објави „Тајмс оф Израел“.