Мажот во мај годинава бил уапсен на граничниот премин „Евзони“ каде што при рутинска контрола се покажало дека против него има распишано европска потерница

Триесет и четиригодишен маж, државјанин на Северна Македонија, ќе биде екстрадиран во Германија каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж.
Екстрадицијата вчера била одобрена од грчкиот суд во Солун, објави „Катимерини“.
Мажот во мај годинава бил уапсен на граничниот премин „Евзони“ каде што при рутинска контрола се покажало дека против него има распишано европска потерница.
Кривичните дела за кои се бара, според документите на германското обвинителство, се извршени минатиот февруари во мал град во сојузната покраина Хесен.
„Осомничениот наводно патувал во Германија на службена должност со сограѓани и престојувал во соби изнајмени од жртвата. Сторителите, според германските органи за спроведување на законот, го врзале и му ја затвориле устата на повозрасниот маж земајќи пари од неговиот дом. Неговата смрт била предизвикана од задушување“,
пишува „Катимерини“.
Пред судиите на Апелацискиот совет 34-годишникот побарал да не биде екстрадиран во Германија, тврдејќи дека на неговото семејство, кое живее во Велес, ќе му биде полесно да го посети во грчки затвор. Советот, сепак, го отфрлил неговото барање.