Објавата на социјалните мрежи, според нејзината содржина, најверојатно е одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дадена претходно денеска во која тој рече дека Техеран понудил претставници на земјата да дојдат во Белата куќа на преговори
Мисијата на Иран во Обединетите нации денеска соопшти дека нацијата нема да се „поклони пред портите на Белата куќа“, пренесоа светските агенции, додека и во Иран и во Израел беа во тек нови напади меѓу двете завојувани страни.

„Ниту еден функционер (на Иран) никогаш не побарал да се поколни пред портите на Белата куќа. Единственото нешто што е поодватно од лагите на (Трамп) е неговата кукавичка закана дека ќе го ‘уништи’ врховниот лидер на Иран“,
се наведува во објавата на Мисијата на социјалните мрежи.
No Iranian official has demanded White House meeting: Iran U.N. missionhttps://t.co/0j2ZMaRos0 pic.twitter.com/vtJAIwYLFM
— IRNA News Agency (@IrnaEnglish) June 18, 2025
Објавата, според нејзината содржина, најверојатно е одговор на изјавата на американскиот претседаттел Доналд Трамп дадена претходно денеска во која тој рече декаТехеран понудил претставници на земјата да дојдат во Белата куќа на преговори.
„Тие предложија да дојдат во Белата куќа – тоа е, знаете, храбро“,
изјави Трамп, пренесе Асошиејтед прес (АП).
Инаку денеска попладне, според агенцијата, силни експлозии одекнале нив главниот грда на Иран, Техеран, а сирени за опасност од воздушен напад се слушнале и во Израел, повикувајќи ги граѓаните на земјата да побараат засолниште, откако израелската војска детектирала ракети кои доаѓаат од Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на брифинг со новинарите пред Белата куќа избегна директно да одговори на прашањата дали Соединетите Американски Држави планираат да се приклучат на израелската офанзива и да го нападнат Иран или нуклеарните постројќи на земјата.
Прашан дали ќе нареди напад на САД врз Иран, Трамп рече дека можеби ќе го стори тоа, а можеби и не.
„Никој не знае што ќе направам“,
рече тој.
Одговарајќи на прашањата, тој го опиша Иран како потполно беспомошна земја, без никаква противвоздушна одбрана.
Сенаторот од редовите на републиканците Ранд Пол, во изјава за новинарите што ја пренесе Ројтерс, вели дека на американскиот претседател ќе му треба одобрение од Конгресот доколку одлучи САД да го бомбардираат Иран. Секое дејство надвор од тоа, вели сенаторот, би било спротивно на американскиот устав.
„Да речеме дека претседателот Трамп одлучи дека ќе го бомбардира Иран. Тој треба да дојде на заедничка седница на Конгресот и да побара дозвола, а Конгресот би морал да му објави војна на Иран. Тоа е војна против Иран. Тој би морал да дојде и побара дозвола. Во спротивно, би дејствувал на неуставен начин“,
изјавил помладиот сенатор од Кентаки.
Пол, како што пишува „Гардијан“ е долгогодишен поддржувач на движењето „Чајанка“ во рамките на Републиканската партија, кое често се смета за претходник на движењето „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again – MAGA) на Трамп.
Според уставот на САД, Конгресот е тој кој што може да објави ѝ објави војна на друга држава, а не претседателот.
Изминатите денови, демократските и прогресивните сенатори, вклучувајќи ги Тим Кејн и Берни Сандерс, побараа од Конгресот да усвои резолуција за воени овластувања што би им забранила на американските вооружени сили да преземаат директни дејствија против Иран без експлицитно овластување од Конгресот.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера издаде серија јавни предупредувања до Иран, нарекувајќи го врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи лесна цел и нагласувајќи дека американското трпение е при крај.
Тој на сопствената мрежа Трут соушл (Truth social) објави дека знае каде се крие иранскиот врховен лидер, но оти засега не е планиран напад врз него, а во дополнителна објава побара од Техеран безусловно предавање.
Врховниот лидер на Иран во соопштение прочитано на иранската телевизија денеска рече дека неговата земја нема да го прифати повикот за безусловна капитулација, предупредувајќи дека секоја американска воена интервенција врз Иран несомнено ќе предизвика непоправлива штета.