Аеродромот „Бен Гурион“, главниот меѓународен аеродром во Израел, е затворен. Одлуката, наводно, произлегува од загриженоста кај безбедносните служби за ризикот од пренатрупаност и можноста за масовни жртви доколку Иран возврати со гаѓање на аеродромите
Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштаат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран.

Според израелскиот весник „Хаарец“, владата им наложила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските државјани да се качуваат на појдовните летови бидејќи се зголемуваат стравувањата од потенцијалните ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми.
Аеродромот „Бен Гурион“, главниот меѓународен аеродром во Израел, е затворен. Одлуката, наводно, произлегува од загриженоста кај безбедносните служби за ризикот од пренатрупаност и можноста за масовни жртви доколку Иран возврати со гаѓање на аеродромите.
Израелската министерка за транспорт Мири Регев ја објави мерката велејќи дека во оваа фаза нема да одобрат заминување на Израелците во странство.
Таа појасни дека само на неизраелски државјани, како што се дипломати и туристи, во моментов им е дозволено да ја напуштат земјата.
Регев, исто така, потврди дека владата подготвува операција за репатријација на над 100 000 израелски граѓани што сега се заглавени во странство и посочи дека процесот ќе се спроведе на фазен и планиран начин.
Оваа одлука предизвика бурни реакции. Така, Бени Ганц, шеф на израелската партија Национално единство и член на воениот кабинет, реагираше на одлуките на Регев.
Ограничувањата за патување следуваат по израелскиот напад на иранскиот аеродром во Машхад.
Прашањето дали Иран ќе возврати на израелската воздухопловна инфраструктура ги зголеми стравувањата дека израелските аеродроми може да се сметаат за потенцијални цели.