И следните денови се очекува преку ден да биде сончево и топло, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме
Времето денеска ќе биде сончево и топло со локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороеен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде од 10 до 18 степени, а максималната од 24 до 35 степени.
И во Скопје ќе биде топло со мала и умерена облачност.
Попладне во високите делови од котлината ќе има услови за краткотраеен дожд и грмежи.
Максималната температура во главниот град ќе биде до 35 степени.
И следните денови се очекува преку ден да биде сончево и топло, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме.