Од СДСМ посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ денеска слави четири години лаги со приказна „допрва ќе работиме”

Под мотото „Идеја што не запира, вредности што носат промени”, владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Хераклеја Линкестис, Битола, одбележува 35 години од формирањето на партијата.
По тој повод, со реакција се јавија од опозицискиот СДСМ, од каде посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ денеска слави четири години лаги со приказна „допрва ќе работиме”.
„Единствено што може да каже ВМРО-ДПМНЕ од прославата на нивниот роденден од археолошкиот локалитет Хераклеја во Битола е да промовираат нов концепт на презентација на лагите. По четири години локална власт и цела година централна власт, се што може ВМРО-ДПМНЕ е да каже е содржано во нивниот нов слоган ‘Најдоброто допрва доаѓа’. Прашањето е, што чекаа досега? Дали досега крадеа и ги полнеа своите џебови, а сега пак нудат нова лага за наводни проекти кои ‘допрва ќе дојдат’“,
прашаа од СДСМ.
Оттаму нагласуваат дека по четири години апсолутна власт во локалната самоуправа, ВМРО-ДПМНЕ нема проект со кој може да се пофали.
„Дури и археолошкиот локалитет Хераклеја во Битола е целосно запустен, оставен на забот на времето. Освен она што СДСМ го направи, нема ништо направено, ниту во однос на патот до Хераклеја, со години не е исчистено околу објектот, се распаѓаат содржините кои треба да се магнет за туристите. ВМРО-ДПМНЕ е само група на манипулатори кои секоја незавршена работа ја оправдуваат со тоа ‘допрва доаѓа доброто’, иако ништо не ги спречило да направат добро да биде и сега“,
велат од СДСМ.