На видео објавено на социјалната мрежа Икс се гледа моментот на израелскиот напад врз државната телевизија и како водителката бега од студиото, по што следуваше прекин на преносот на програмата
Израелските воздухопловни сили денеска ја бомбардираа иранската телевизија ИРИБ во Техеран, набрзо откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) упатија предупредување за евакуација на областа.

Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека иранскиот гласник за пропаганда и поттикнување е на пат да исчезне.
Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили издадоа итно предупредување до жителите на поголемиот дел од иранскиот главен град, повикувајќи ги веднаш да ја напуштат областа.
Набрзо потоа следуваше напад на иранската државна телевизија, за време на пренос во живо, поради што водителката мораше да побегне, бидејќи сè околу неа почна да се руши.
На видео објавено на социјалната мрежа Икс се гледа моментот на израелскиот напад врз државната телевизија и како водителката бега од студиото, по што следуваше прекин на преносот на програмата.
🚨 JUST IN: The Israeli military struck the Iranian state TV studio while they were LIVE ON AIR
— Nick Sortor (@nicksortor) June 16, 2025
Holy crap!
This is insane to watch. pic.twitter.com/W3NdaqzmK6
По неколкуминутен прекин, телевизијата повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека сите програми продолжуваат во живо, без прекини, како и дека Израел во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел има две цели во Иран, како елиминирање на нуклеарната закана и елиминирање на ракетната закана.