Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, се емитува вечерва (16 јуни 2025 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Од последната сесија за пратенички прашања во Собранието најсилен впечаток остави дијалогот меѓу пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Битиќи ѝ постави прашања за повратот на ДДВ, за јавниот долг и за финансиската поддршка на инвестиции што потоа премина во жестока размена на одговори од министерката и коментари од пратеникот. Ова е еден, но не и единствен повод, во ова издание на „360 степени“ да гостува Фатмир Битиќи. Го прашуваме – зошто СДСМ не го поддржа договорот со Обединетото Кралство ако и претходната влада водела слични преговори со официјален Лондон. Тема се и предизвиците поврзани со одржување на јавниот долг на одржливо ниво, наводите на Битиќи за постоење партиски списоци за подобни и неподобни фирми за поврат на ДДВ, растот на цените на храната, како и неговата одлука да не гласа за предлог-составите на Програмскиот совет на МРТ и на Советот на АВМУ.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.