Од УХМР најавуваат дека во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од средината на седмицата ќе има зголемена облачност и услови за локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи

Сончево и топло време со мала локална облачност е прогонозата за денес од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 7 до 18 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 34 степени.
Во Скопје, денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 14 Целзиусови степени наутро до 34 во текот на денот.
За утре се најавува сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Температурата утре ќе се искачи до 35 степени.
Од УХМР најавуваат дека во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од средината на седмицата ќе има зголемена облачност и услови за локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи.